Адвокат
Корпоративно право, Усогласеност со регулатива, Договори, Работни односи, Наплата на побарувања, Штети, Лиценцирање, Судско застапување

LEGAL VP
Адвокат
Корпоративно право, Усогласеност со регулатива, Договори, Работни односи, Наплата на побарувања, Штети, Лиценцирање, Судско застапување
СЕКОЈ ПРОБЛЕМ ИМА РЕШЕНИЕ
ЗА АДВОКАТСКАТА КАНЦЕЛАРИЈА
Стремеж на Нашата канцеларија е да функционира како фирма која ќе обезбеди комплетен сервис на потребни правни услуги на индивидуални или корпоративни клиенти – правни субјекти, правна асистенција во поглед на нивните права, должности и одговорности и застапување на интересите на нашите клиенти пред Судовите во РМ, а преку адвокатски фирми соработници и во државите од регионот: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Бугарија; Особен интерес на адвокатската канцеларија е да ги следиме новите иновативни трендови во дигитализацијата и модерните технологии од аспект на правото и заштита на системите; Соработувајќи со широка мрежа на професионалци од различни сфери, овластени судски вештаци од областа на медицината, економијата, сообраќајот, машинство, информатичките технологии, можеме да им гарантираме на клиентите сетрана струшна помош, препораки и анализи. Имаме одличен тим на соработници нотарски и извршителски канцеларии и проценители. Соработката со Нашите клиенти ја вршиме на македонски и англиски јазик, а по потреба обезбедуваме стручен превод на сите други странски јазици.

Рената Варга Мицева

Експертиза
Осигурување; надомест на штета од сообраќајна незгода, надомест на штета од работен однос, повреда при работа, штети од одговоорност, штета од производ, штети поради неисполнување на договор, штети поради навреда и клевета и сл.; информатичко право; облигациони односи; семејно право (развод, старателство и делба на имот, спорови за издржување, решавање на вонбрачни односи); наследно право: оставина, тестамент; склучување на договори; јавни набавки; заштита на индустриска сопственост; заштита од конкуренција; застапување пред судовите и административни органи; наплата на побарувања( долгови и регресни побарувања).
Образование
Университет св. Кирил и Методиј Скопје
Правен Факултет – Јустиниана прима (2002)
Правосуден испит (2004)
Професионално искуство
Адвокат (2017- ); Помошник Генерален Директор и Менаџер на правен сектор и администрација во Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје (2011 – 2017); Менаџер на правен сектор и администрација во Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје (2008 – 2011); Менаџер на правен сектор и секретариат на Надзорниот одбор во Акционерското друштво СИГМА осигурување(2004 – 2008); Адвокатска канцеларија ЈАНИЧЕВИЌ (2002 – 2004); Нотарска канцеларија (2001 – 2002)
Членство во организации и професионални асоциации
Евро-Атлантски совет на Македонија (2004)
Здружение на правници на Македонија (2008)
Комитет на корпоративни секретари (внатрешни правни советници) и лица за комуникација со инвеститори во Институтот за директори (2016)
Претседател на Здружението за осигурување на Македонија (2015-2017)
Член на адвокатската комора (2017)
Член на советот за развој на пазарот за капитал во Република Македонија (2017)
Јазици
Македонски, Англиски, Србски, Бугарски и Хрватски
Blagoj Petkovski

Експертиза
Трговско право; Анализа на закони и прописи спрема интересите на клиентите; стечај или ликвидација; постапки за приватизација и легализација; Право на трговски друштва и Регистрационен агент: основање, спојување и раздвојување трговски друштва и други форми на правни субјекти; Корпоративно право; Договорно право; Работни односи; Наплата на побарувања; Административни процедури и застапување пред сите судови и државни органи
Образование
Университет св. Кирил и Методиј Скопје
Правен Факултет – Јустиниана прима (2002)
Правосуден испит (2004)
Професионално искуство
Министерство за финансии – Сектор за финансиски систем, одделение за систем на осигурување (2006 – 2008)
Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје (2008 – 2017)
Правен консултант во Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп Скопје (2010 – 2014)
Адвокат (2017 – )
Членство во организации и професионални асоциации
Здружение на правници на Македонија (2008)
Комитет на корпоративни секретари (внатрешни правни советници) и лица за комуникација со инвеститори во Институтот за директори (2016)
Адвокатска комора (2017)
Центар за даночна политика (2017)
Јазици
Македонски, Англиски, Италијански, Србски и Хрватск
Области на работа
Корпоративно право
(инвестиции и трансакции)
Широк асортиман за услуги за сите трговски друштва и други правни лица: правни совети за прашања поврзани со корпоративното право, основање на сите видови правни лица, зголемување на основниот капитал за сите правни лица, трансформација на правни лица, реорганизација, ликвидација, организирање состаноци за органите на управување, собранија на акционери и собранија на содружници, како и процедури пред регулаторните тела (Агенција за супервизија на осигурување, Комисија за хартии од вредност, Централен депозитар за хартии од вредност, Македонска берза и други тела и организации).
Усогласеност со постојната регулатива
Услуги поврзани со усогласеност на законите, подзаконските акти и внатрешната регулатива во зависност од организациската форма на правните лица.


Регулатива
Правни совети за клиенти поврзани со регулативи во областа на осигурување, банкарство, лизинг, акции, други финансиски институции, даночни прописи, прописи поврзани со работните односи, заштита на приватноста и личните податоци, конкуренција, организирање игри на среќа, изградба и урбанизам, здрвствен систем, како и друга законска регулатива.
Договори
Подготовки и преговори за сите видови трговски договори, со домашни и странски субјекти.
Наплата на побарувања
Сите видови правни услуги поврзани со вонсудска и судска наплата на побарувања, пред надлежните нотари, судови и извршители.
Трудово право
Широк спектар на услуги во однос на односите за работодавачите во врска со законите за работни односи; подготовка на договори за вработување, водење на постапката за вработување пред Агенцијата за вработување; подготовка на внатрешни акти за работодавачите поврзани со законите за работни односи, подготовка на одлуки што произлегуваат од законите за работни односи, застапување на работодавачи и работници во сите видови вонсудски и судски спорови поврзани со законите за работни односи, како и консултации за решавање спорови со вработените во поврзаност со раскинување на договори за вработување, надомест, како и преговори и склучување колективни договори.
Надомест на штета
Водење на сите судски и вонсудски постапки за надомест на материјални и нематеријални побарувања.


Лиценцирање и застапување пред управни органи
Справување на сите видови процедури пред управни органи заради добивање лиценци потребни за вршење на дејност на правните лица или добивање лиценци и одобренија (игри на среќа, осигурување, градежништво, царина и друго), како и застапување на правните лица пред управните судови во управните постапки или постапки пред инспекциските тела.
Судски постапки
Застапување на клиенти пред сите степени на судови во Република Македонија, за административни, граѓански и судски постапки.

Адвокат
Рената Вага Мицева
advokatvargamiceva@legalvp.mk

Адвокат
Благој Петковски
advokatpetkovski@legalvp.mk

Адвокатски приправник
Ангела Тодосова
TodosovaAngela@legalvp.mk

Адвокатски приправник
Теодора Биноска
BinoskaTeodora@legalvp.mk
Legal VP АДВОКАТИ
Корпоративно право, усогласеност со постојната регулатива, регулатива, договори, наплата на побарувања, трудово право, надомест на штета, лиценцирање и застапување пред управни органи, судски постапки